Неготинци си ја исполнија желбата – остануваат во елитата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

 

Вардар Неготино слави опстанок во Супер лига

Вардар Неготино останува во машката Супер лига, и в година ќе постои дерби во Тиквешијата, бидејќи ќе бидат меѓу 16-те најдобри машки екипи Македонија. Баражот се играше во Прилеп, но во салата доминираа навивачите од Неготино. Бодрење, пеење, навивање и многу емоции за момчите предводени од Петар Ангелов. А „стариот волк“ блескаше во првото полувреме со 13 одбрани. В година најави дека ќе биде уште подобар тимот.