Невообичаена фотосесија – Ракометарки позираа под вода (ВИДЕО)
Европскиот шампион во женска конкуренција, Кристијансанд во подготвителниот период пред сезоната имаше невообичаена фотосесија. Ракометарките мораа да влезат во базен и под вода да позираат за најневообичаената фотосесија. Во новата сезона ќе се обида да ја одбранат европската титула, а во битката Кристијансанд ќе влезе уште посилен за Нереа Пена која исто така присуствуваше на фотосесијата и Сузан Томори. Целта на екипата е прво да се обезбеди пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите, а потоа одново да се освои пехарот. Фотосесијата може да ја погледнете во видеото.