четврток, септември 5, 2024

НЕВИДЕНА ДРАМА: Губеа три разлика на две минути до крај, со херојски камбек израмнија во последната секунда (ВИДЕО)

Во дербито на белорусккиот шампионат, тимовите на СКА Минск и Мешков Брест одиграа нерешено 27-27. Иако домаќинот СКА Минск имаше плус три, 27-24, на две минути до крајот, сепак искусниот гостин успеа да освои бод. Најпрво погоди Баранов, потоа СКА Минск згреши, па казни Алјохин од далечина. СКА Минск го имаше последниот напад, но не реализираа, односно Белавскиј направи грешка. На пет секунди до крајот, Мешков брзо организираше напад и погоди Баранов од тешка ситуација за голем бод на шампионот. Погледнете го трилер крајот на дербито...