На повидок ли е рекорд: Шпанија со седум женски тимови во европските купови?

Големиот број на откази, намалениот број на учесници во европските купови кои на ранг листата се на 2. и на 3. место отворија можност некои земји да имаат повеќе пријавени тимови од она што го нуди рејтингот.

И додека во машка конкуренција имаше огромен број на откази, а Шпанија остана со еден тим во Лигата на шампионите и три во Лигата на Европа, кај дамите од оваа земја има голем интерес за настап во Европа.

Шпанија нема да има свој претставник во Лигата на шампионите во женска конкуренција, а во Лигата на Европа ќе има само еден. Тоа ќе биде составот на Бера Бера кој доби право на настап како актуелен освојувач на Купот на ЕХФ. Шанса за да игра имаше и Елче, но од овој клуб побараа место во ЕХФ купот така што нема да има втор претставник во новоформираната Лига на Европа.

Оттаму во ЕХФ купот кој е наследник на Челенџ купот место имаше за Елче, Атлетико Гуардес, Рокаса Гран Канарија и Ринон Фертилидад Малага.

Побарана е валјд-карта за уште две екипи, а се работи за Грањолерс и Аула Алиментос де Ваљадолид, кои се полуфиналисти од последниот Челенџ куп. Сега на потег е ЕХФ, но тешко е да се верува дека ќе има толку многу тимови од една земја во една сезона.