НАЈ НАЈ НАЈ МОМЕНТ: Дибиров се зачлени во клубот „1000 голови“ во ЛШ

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров успеа да направи одличен потег бидејќи стигна до 1000 погодоци прво во европските купови, а потоа и во Лигата на шампионите и влезе во одбраното друштво.

На 21 октомври на дуелот против Алборг постигна девет погодоци, а првиот од нив го донесе во клубот 1000 во европските купови. Тоа беше првиот чекор кон влезот во клубот 1000 погодоци во Лигата на шампионите.

За ова не требаше да се чека многу бидејќи успеа на 18 ноември да дојде до остварување на целта. На средбата против Пик Сегед во Унгарија третиот гол што го постигна на тој дуел беше број 1000 во Лигата на шампионите што беше момент за историјата.