Натпревар за заборав, Еурофарм Пелистер се врти кон следните евро предизвици (ФОТОГАЛЕРИЈА)

11.22.2022 EUROFARM PELISTER vs FUSCHE BERLIN

Еурофарм Пелистер го доживеа вториот пораз во Лигата на Европа во третото коло, откако на домашен терен загуби од фаворитот Фуксе Берлин со 43-34. Гостите победата ја обезбедија уште по првиот дел кога имаа водство од осум гола, а клучот беше голманот Киреев кој запре 12 удари само во првите триесет минути. Нападот на битолчани не беше лош, но одбраната и спорото враќање назад, беа казнувани со лесни погодоци од брз центар или контранапади. Следен предизвик за битолчани ќе биде дуелот со Мотор Запорожје.