Моќна партија на Сара Миновска – Погледнете ги ДЕСЕТТЕ гола од ДЕСЕТ обиди против Босна (ВИДЕО)

Младинската женска репрезентација на Македонија славеше над Босна и Херцеговина со 39-28 во првото коло од ЕХФ шампионатот. За МВП на мечот беше прогласена Сара Миновска, која постигна десет гола од десет обиди, и тоа сите од игра. Вардарката која игра во одлична форма целата сезона, покажа дека Македонија добива лево крило за иднината. Погледнете ги сите нејзини десет голови против БиХ...