Металург ја доби најважната битка сезонава, пак ќе игра во Лигата на Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Металург – Бутел (Супер машка лига, плеј-оф)

Во натпревар од 13. коло од плеј-офот во Супер машката лига тимот на Металург дојде до минимална победа од 36:35 против екипата на Бутел Скопје и со тоа си обезбеди место во Лигата на Европа.

Металург и Бутел Скопје го имаа клучниот натпревар во плеј-офот од Супер машката лига, а со 36:35 бодовите ги освои тимот од Автокоманда кој со ова ја доби и пресметката за пласман во Лигата на Европа. Веќе е решено сè кога е во прашање пласманот во европските купови така што сега останува само да се види дали Металург ќе ја задржи третата позиција на која се наоѓа во моментов. Инаку, денеска имаше надигрување од 60 минути, но Металург имаше повеќе искуство на своја страна и знаеше како да дојде до трите бода кои беа максимално важни.