Металург се одјави со реми и со четири бода од Лигата на Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Металург – Адемар (Лига на Европа)

Ракометарите на Металург ги завршија настапите во Лигата на Европа, а на последниот натпревар одиграа нерешено, 27:27 против тимот на Адемар Леон. Натпреварувањето во Групата А го финишираа со четири поени.

Металурзите ја завршија евро сезоната со четири поени после новото реми остварено на домашен терен против Адемар Леон со 27:27. Ракометарите на Металург постојано беа во предност и имаа шанса и за два бода, но на крајот мораа да се задоволат со еден бод. Блескаше Серафимов со седум гола, а зад него со пет остана Калуѓеровиќ додека четири погодоци имаше Тарабокија. Ова беше последен натпревар и сега Металург може да се посвети на домашна сцена.