Маџовска: Мора да бидеме подобри во нападот

Нов предизвик за женската репрезентација на Македонија е светскиот првак од 2019 година, селекцијата на Холандија.

Левиот бек Симона Маџовска, вели дека против „лалињата“ нападот мора да биде многу подобар отколку со Франција.

„Имавме преголем респект против Франција во првиот меч, мислам дека притисокот си го направи своето. Мора да бидеме подобри во нападот. Се надевам дека тоа ќе ни успее против Холандија и овој натпревар ќе биде подобар за нас“, вели Маџовска.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот.