Мајсторскиот гол на Хенеберг е втор најубав на колото (ВИДЕО)

Медиа тимот на ЕХФ ги избра најубавите пет гола од четвртото коло во Лигата на Европа, а второто место е за данскиот лев бек Себастијан Хенеберг, кој по асистенцијата на Марио Танкоски даде гол со цепелин. Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер ја забележа втората победа во групната фаза од Лигата на Европа откако славеше на незгодното гостување кај Мотор со 33-30. Данецот Хенеберг имаше одлична партија и со 14 гола беше клучот на триумфот над украинскиот првак.