Макуц за 24Ракомет ТВ: Треба да бидеме горди на тоа што го направивме сезонава (ВИДЕО)
Ланскиот освојувач на титулата во Лигата на шампионите, тимот на Барселона на годинешното издание на Ф4 турнирот во Келн го освои бронзениот медал, откако целосно го надигра ПСЖ со 37:31. Освен воведниот дел, се останато беше во знакот на избраниците на Карлос Ортега. Меѓу најефикасните во составот на победничката екипа беше словенечкиот репрезентативец Домен Макуц, кој одигра скоро без грешка, имаше четири постигнати погодоци од пет обиди. Младиот член на каталонскиот гигант за 24Ракомет ТВ ги сподели своите впечатоци по освоеното трето место. Целосната изјава на Макуц погледнете ја во видео прилогот....