„Македонско девојче“ екна во „Борис Трајковски“, навивачите ги поздравија ракометарките (ВИДЕО)
Женската репрезентација на Македонија загуби од Романија со 31-23 во последниот натпревар на Европското првенство, но нашите ракометарки го одиграа најдоброто полувреме на овој шампионат. Сепак одличниот прв дел не беше доволен за сензација, па го завршуваме настапот по три меча. По натпреварот, навивачите ги испратија ракометарките со „Македонско девојче“ и покажаа дека се со нив и во победи и во порази