Македонскиот специјалитет го „проба“ и Словенија (ВИДЕО)
Машката македонска репрезентација со пораз од Словенија со 27-25 го стартуваше Европското првенство. Иако со пораз никој не може да биде задоволен, сепак имаше и добри работи што ги покажаа избраниците на Кире Лазаров. Погодокот што го одбележа мечот е оној со цепелин на Гоце Георгиевски и Филип Кузмановски на стартот на вториот дел.