Македонија доби(ва) десен бек за иднината – погледнете ги трите гола на Кипријановска против Литванија (ВИДЕО)

Репрезентативките на Македонија одиграа уште еден квалитетен натпревар во квалификациите е за Светското првенство и убедливо ја совладаа Литванија со 31:21. Селекторот Симе Симовски им даде шанса на повеќето ракометарки да настапат на овој дуел, а младите знаеја да ја искористат можноста да го покажат квалитетот. Ракометарката на Куманово, Јована Кипријановска играше во последните дваесетина минути и успеа да постигне три гола. Погодоците на 19 годишниот десен бек на репрезентацијата на Македонија погледнете ги во следното видео....