Македонецот е „меч винер“ – како Костески обезбеди триумф за Холабрун (ВИДЕО)

Тимот на Холабрун, каде што играат двајцата македонски интернационалци Влатко Митков и Никола Костески, забележа победа со 24-23 над Леобен во разигрувањето за пласман во елитната конкуренција во Австрија. Најдобри на теренот, како и многупат досега беа токму Македонците. Костески беше прв стрелец со осум погодоци, додека Митков стрелаше пет пати во мрежата на Леобен. Последните два гола со кои беше обезбеден триумфот и бодовите, беа дело на Костески. Погледнете....