Ливриниќ за 24Ракомет ТВ: На сите можни медиуми ме имаше за корона, а кога бев МВП – никаде! (ВИДЕО)

Една од поискусните ракометарки во репрезентацијата на Македонија, Елена Ливриниќ во минатите денови беше на подготовки со националниот тим. Таа во новата сезона има нов клуб во Романија каде што ќе настапува заедно со колешката од националниот тим, Марија Штериова. За она што ја очекува на клупски план, но и со репрезентацијата говореше во интервју за 24 Ракомет ТВ. Во интервјуто се потсети и за деновите кога беше актуелна со коронавирусот, а за тие моменти имаше интересен коментар. „Јас сакам повеќе да ме пишува по медиумите за она што ќе го покажам на теренот и што ќе го одиграм. Кога постигнав десет гола не ме спомена никој, но кога испаднав позитивна на корона ме зборуваа на сите вести. Потоа кога МВП одново никој не се сети да каже нешто“, вели Елена Ливриниќ во интервју за 24 Ракомет ТВ. Комплетното интервју можете да го погледнете во видеото во продолжение.