Лесјак: Ќе играм првпат против „мојот“ Целје, но гледам на нив само како следен ривал (ВИДЕО)

Словенечкиот голман Урбан Лесјак заедно со Еурофарм Пелистер ќе игра за трофејот на Струшкиот турнир. Ривал на битолскиот тим ќе му биде словенечкиот шампион Целје, каде што Лесјак бранеше осум сезони во неговата кариера пред да замине во Бундес лигата. Тој вели дека нема да има никакви емоции, иако првпат ќе игра против Целје откако замина оттаму. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот...