Лесјак за 24Ракомет ТВ: Убава е секоја победа, а уште поубава кога е роденденска (ВИДЕО)
Тимот на Еурофарм Пелистер славеше над Татран Прешов со 29-24 во второто коло од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ и го обезбеди првото место во групата. Тоа носи меч за трофејот, па битолчани в сабота ќе играат против Олимпијакос. Голманот Урбан Лесјак кој денеска славеше роденден е задоволен од победата, иако вели дека треба тимот уште повеќе да напредува за да стигне до нивото потребно за Лигата на шампионите...