Лесјак ги излуде Шпанците – им фати ТРИ зицери во еден напад! (ВИДЕО)

Словенија го игра клучниот натпревар против Шпанија за останување во игра за четвртфиналето на СП, а на овој меч блеска голманот на Еурофарм Пелистер, Урбан Лесјак. Тој во првиот дел им фати три зицери на шпанските репрезентативци. Најпрво шутираше Дани Душебаев, потоа одбиената топка ја прифати Фигуерас чиј шут исто така беше запрен. Одново одбиената топка ја прифатија Шпанците, но и шутот на Одриозола заврши како плен на Лесјак. Погледнете....