Леворакиот Темелкоски со 11 гола леташе во Аеродром (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Аеродром – Тиквеш

Тиквеш ги прокнижи планираните бодови во Скопје кај дебитантот Аеродром, а гостите од Кавадарци го имаа расположениот Евгениј Темелкоски кој со 11 гола беше најпрецизен на средбата. Леворакото крило на гостите шестпати беше прецизен во првото полувреме, и сите голови ги даде од игра. Неискуството и грешките на домашните беа пресудни за високиот пораз, а гостите играа со „половина“ од силите. Врзаа гостите два натпревари во серија со триумф, а Аеродром ќе барам нова шанса за радување на следните дуели.