Ракометарот на Ратинген, Филип Лазаров е топ тема во медиумите во Германија, а причина е неговиот позитивен тест при враќањето во клубот на Ковид 19.
Според информациите кои ги пренесува „РП Онлајн“, пред заминување за Германија, Лазаров направил тест за коронавирусот и истиот бил негативен. Сепак, за време на патувањето во авионот имало патник кој бил позитивен.
Неколку дена подоцна бил инфомиран по пат на електронска пошта дека имало позитивен патник, а во објаснувањето од здравстените органи било: „Ако не е сопатник, кој седел на соседното седиште тогаш не се прави тест“.
Сепак, Лазаров направил нов тест и после пристигнувањето и направениот тест бил позитивен. Меѓутоа тимот на Ратинген уште не е известен во писмена форма дали Лазаров е позитивен или не така што се очекува.
Засега, интернационалецот од Македонија се води како позитивен на коронавирусот така што ќе мора да пропушти дел од тренинзите.