{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 32Денеска е првиот ден од групата од Европското првенство што се игра во Скопје. Трибините во СЦ „Борис Трајковски“ беа пристојно исполнети, а натпреварите и македонските ракометарки беа магнет за многу спортисти, спортски работници и луѓе од јавниот живот. На трибини беа селекторот на сениорите Кире Лазаров, некогашниот тренер на Кометал Ѓорче Петров, Владимир Радиќ, пејачката Калиопи, сребрениот олимпиец - теквондистот Дејан Георгиевски, новинарката Снежана Лупевска, екс голманката на Вардар - Амандин Лејно, која сега е во стручниот штаб на Франција....