Лазаров за 24Ракомет ТВ:Имаме играчи што немаат забележителни улоги и минутажа во клубовите каде има странци
Машката сениорска репрезентација на Македонија ја завршуви првата фаза од подготовките за настапот на Европското првенство со две победи над Кувајт, едната со десет гола разлика, 31-21, додека втората минимална, 22-21. Селекторот Кире Лазаров за 24Ракомет ТВ вели дека инсистирал да имаме четири контролни натпревари пред ЕП за играчите со помала клупска минутажа, да можат да влезат во натпреварувачки ритам. „Сакав да играме четири натпревари, бидејќи имаме голем број на играчи, кои во своите клубови каде што има странци, немаат забележителни улоги ниту минутажа. Марко Мишевски треба да ни биде еден од поважните играчи, но тој подолго време нема минутажа. Нашиот избор е скратен. Талески можам да кажам дека оваа полусезона многу повеќе игра. Стоилов игра, но не се изнаигра во Вардар. Има уште, но да не набројувам. Затоа инсистирав на повеќе натпревари, со помалку квалитетни противници за да можат играчите да го добијат тој натпреварувачки ритам со тие натпревари“