Лазаров за историја, стигна до 500 гола на големите натпреварувања (ВИДЕО)
Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров го игра веројатно последниот натпревар на Светските првенства, а денеска тој направи несекојдневен момент бидејќи стигна до бројката од 500 погодоци на големите натпреварувања. Седмиот гол против Белорусија кој беше прв во второто полувреме беше вкупно 28 на овој шампионат, 318 гол на Светските првенства и вкупно 500-ти погодок за Лазаров на големите натпреварувања. Ова се бројки кои ќе бидат голем предизвик за помладите да го достигнат иако неговите рекорди најверојатно ќе стојат уште долго.