{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 18Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва го имаше првиот собир пред бараж двомечот со селекцијата на Чешка за пласман на Мундијалот. Играчите од домашните клубови ќе бидат од денеска на подготовки, додека Миркуловски, Митревски, Кузмановски и Пешевски ќе бидат на тренингот во понеделник во СЦ „Борис Трајковски“. Првиот натпревар меѓу Македонија и Чешка се игра во Злин на 13 април, додека реваншот е во Скопје на 17 април.