{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 11Машката репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот тренинг пред бараж двомечот со Романија за пласман во вториот бараж за Мундијалот во Полска и Шведска. Сепак селекцијата ќе се комплетира дури во вторник, бидејќи слободен ден добија Филип Миркуловски и Жарко Пешевски, а доцна вечерва се приклучува Никола Митревски. Сите останати ракометари веќе го одржаа првиот тренинг и започнаа со подготовките за незгодниот ривал. Првиот натпревар против Романија се игра в четврток во СЦ „Борис Трајковски“ од 19:00 часот, додека реваншот е во Букурешт на 19 март од 17:00 часот.