Лазаревски: Уште сме на почеток, формата на Вардар ќе оди во нагорна линија (ВИДЕО)
Екипата на Вардар ја оствари втората победа на јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир, откако во вчерашниот натпревар против Бутел триумфираше, со резултат 32:20 (18:8). Вардарци во последното коло од групната фаза ќе играат против словенечкиот првак Целје, додека бутелци ќе се соочат со Алкалоид. Новиот член во екипата на Вардар, кружниот напаѓач Милан Лазаревски истакна дека е задоволен од прикажаната игра против Бутел и дека на неговата екипа ќе и треба повеќе време за воигрување, а натпреварите на Струшкиот турнир се вистинска прилика за проверување на формата, како и физичката спремност на секој ракометар. Во продолжение погледнете ја целосната изјава на Милан Лазаревски.