Ладен како шприцер – Дибиров ги замолкна Битола и „Чкембари“ (ВИДЕО)

Вардар се враќа со голем бод од Битола, откако одигра реми со Еурофарм Пелистер, 27-27. Стрелец на голот за нерешено по истекот на времето беше Тимур Дибиров, кој „ладен како шрицер“ реализираше во голот на Секељ. Овој бод во Битола на Вардар, доколку двете екипи победат на стие други мечеви од регуларниот дел, ќе му донесе бод предност и на стартот на плеј-офот, кој би можел да се покаже како решавачки. Погледнете го голот на Дибиров.