{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 26Ракометарките на Куманово ја продолжуваат серијата без пораз во Женската лига, откако славеа на гостувањето кај Ѓорче Петров со 20-24. Со оваа победа шампионот се издвојува на врвот на табелата со 20 бода, а ѓорчевки ќе останат на втората позиција со 17 бодови. Јунак на Куманово беше голманката Катарина Митровиќ, која го заврши мечот со 21 одбрани или повеќе од 50% успешност на одбранети удари. Последен пат во Женската лига, Куманово загуби на 17 април 2019 година од Металург, па скоро три години, шампионот ја нема почувствувано горчината на поразот.