Крилото на Јуниор КВ со голманска парада го спаси празниот гол (ВИДЕО)
На средбата меѓу составите на Јуниор Кисела вода и Голден Арт победа забележа домашниот состав, а на овој дуел имаше интересни моменти. Во една ситуација крилото на домашните имаше одлична реакција и една топка упатена од далечина ја спречи да влезе во голот со голманска парада. Со оглед на тоа што голманот не беше на своето место бидејќи тогаш влегуваше од клупа Игор Илиевски покажа дека би можел да биде одличен и на голот. И тоа не само на ракометните туку и на фудбалските терени.