Десното крило на ППД Загреб, Ненад Костески сè повеќе добива шанса и во сениорска конкуренција, а ова го промовира и во кандидат за место во тимот кој ќе биде во конкуренција за Европското првенство во јануари. Тој смета дека таа работа е на селекторот, но најавува дека ќе се потруди да си обезбеди место.
„Тоа ќе биде за понатаму. Времето ќе покаже што и како ќе се случува. Јас ќе го дадам мојот максимум за да се наметнам за да влезам во ростерот за Европското првенство“, изјави Костески за 24 Ракомет ТВ.
Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.