Костадин Петров заминува од Гвадалахара

Македонскиот интернационалец Костадин Петров нема да го продолжи својот престој во тимот на Гвадалахара.

Шпанскиот тим сезонава направи историски успех и го освои седмото место во Асобал лига, што е најдобар пласман во клупската историја, но сепак раководството ќе го намали буџетот во иднина и ќе функционира со млади ракометари.

Заминува најдобриот стрелец Чема Маркез, потоа нашиот кружен напаѓач Петров и уште четворица други ракометари, меѓу кои веројатно ќе биде и ветеранот Хозе Хавиер Омбрадос.

За Петров ова беше прво интернационално искуство, а претходно играше за Пелистер, Металург, Куманово, Борец и Радовиш.