Кога Скубе, Шкуринскиј, Санталов…ќе бидат на тајм-аут, публиката ќе ја забавуваат „Ѕвездите на БГК“ (ВИДЕО)
Стандарден декор на домашните натпревари на белорускиот првак Мешков Брест во салата „Викторија“ се чирлидерките. Заинтересираноста на девојките да бидат членки на групата „БГК Ѕвезди“ сезонава беше голема, па клубот мораше да направи и кастинг на кој беа присутни и дел од ракометарите. Кои чирлидерки ги избрале од клубот, ќе дознаеме уште во првото коло од Лигата на шампионите, кога Вардар ќе му гостува на Мешков, а тие ќе се појават на тајм-аутите...