Четворица кадети на Македонија беа избрани во иделаниот тим на Б Европското првенство во Летонија, со што генерацијата ќе игра на следното младинско ЕП и на следното кадетско СП. Томислав Димковски беше избран за МВП на првенството.
Но, ракометарите не заборавија дека успехот е тимски, па им заблагодарија на оние што беа цело време покрај нив – стручниот штаб. Селекторот Радослав Стојановиќ, тренерите Бранислав Ангеловски и Наум Танески, и физиотерапевтот Небојша Василевски на крајот завршија во рацете на играчите – сите во воздух.