Кога не е на терен, европска шампионка молзи крави! (ВИДЕО)
Норвешката репрезентативка од актуелниот европски шампион Ѓер, Кари Братсет, голем дел од одморот мина во татковината. Покрај индивидуалните тренинзи, таа работи на нејзината фарма - молзе крави, ги собира јајцата од кај кокошките, си игра со кучињата и има многу повеќе време за семејството...Веќе се врати во Ѓер, каде европските шампионки ги почнаа подготовките за новата сезона во која ќе влезат како едни од фаворитките за круната.