На 20 март следната година треба да бидат одиграни првите натпревари од квалификациите за Олимписките игри во Токио во женска конкуренција. Вкупно 12 селекции од целиот свет (најмногу од Европа) ќе се борат за пласман на игрите, а место ќе има за најдобрите две од секоја од групите.
Оние селекции од последното СП кои завршија од 2. до 7. место не можеа директно на ОИ, па ова им е нова шанса, а според квалитетот на групите единствено Унгарија би можела да се вмеша во трката со Русија и Србија за едно од двете места.
Во другите групи има фаворити. Шпанија и Шведска влагаат како фаворити од првата, а Норвешка и Црна Гора како фаворити од втората група.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОЛИМПИСКИ ИГРИ 2020 (ЖЕНИ)
ГРУПА 1: Шпанија, Шведска, Аргентина, Сенегал
ГРУПА 2: Русија, Србија, Кина, Унгарија
ГРУПА 3: Норвешка, Црна Гора, Романија, Северна Кореја.