Карачиќ пречекан со овации во својот Мостар (ВИДЕО)

На ракометарите од Херцеговина кои го освоија среброто со Хрватска на Европското првенство во Мостар им беше организиран спектакуларен пречек. Илјадници навивачи го прославија успехот, а вистинска лудница настана кога играчите излегоа на бината. Голманот Марин Шего прв излезе пред навивачите, а тука беа уште и Мандиќ, Карачиќ, Муса, Хрстиќ и Шарац.