Капитенот Кирил Лазаров креатор на 1.100-тиот погодок на Македонија на СП (ВИДЕО)
Во својот 41. натпревар на Светските првенства репрезентацијата на Македонија денеска стигна до 1100 погодоци. Под овој број ќе биде заведен третиот гол на средбата против Египет, а стрелец на истиот беше капитенот Кирил Лазаров. Против Египет, Македонија го постигна и 100. погодок, па разликата меѓу двете средби против оваа селекција е 1000 погодоци.