Како Чаир дојде до бод во Прилеп – Божиновска беше побрза од сирената (ВИДЕО)

На натпреварот меѓу Деспина и Чаир беше одигран интересен ракомет, а победникот беше одлучен во последната секунда. После големо надигрување последните 23 секунди беа најинтересните откако во нив имаше дури три напади и шанси за поинаков епилог од оној што се случи, а тоа беше реми од 25:25. Средбата заврши со погодок на Ана Марија Божиновска пред сирената, но беше навистина интересно бидејќи Деспина ја имаше победата в раце. Сепак, ракометарките избрзаа место да го потрошат времето.