Како СЕХА го претстави трансферот на Јотиќ во Вардар (ВИДЕО)

Последното засилување на вардарци, Ловро Јотиќ веќе работи со своите нови колеги и се подготвува за новата сезона. Тој помина една година во редовите на Еурофарм Пелистер и веќе знае какое да се игра во Македонија. Сепак, во новата средина ќе добие сосема нови амбиции и сигурно ќе треба да се покаже во уште подобро издание од досега. СЕХА лигата веќе го претстави овој трансфер како еден од најголемите ова лето во клубовите кои се натпреваруваат во лигата. Како изгледаше претставувањето можете да видите во видеото во продолжение.