{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 72Не постојат стари и млади, актуелни и ветерани, туку единствено добри ракометари. Уште еднаш најшите најголеми амбасадори, ракометарите, тренерите и судиите покажаа дека и покрај годините, „стомачињата“ и побелената коса, се уште се мајстори на својот занает. Како во старите добри времиња, уште еднаш донесоа многу радост на трибините потсетувајќи не нас, и давајќи им мотив на оние што ги наследуваат. „Ветераните“ добија спомен дресови, судиите Драган и Марјан Начевски признанија, а неизбежни беа и селекторите Илија Темелковски и Звонко Шундовски. Сите на свој начин придонесоа за афирмација на македонскиот ракомет и Македонија. „Сите за еден - еден за сите“. За Македонија...