Составот на Кадетен денеска дојде до нова победа, а успеа да му нанесе уште еден пораз на тимот на Татабања со 27:23 со што екипата од Унгарија остана на нула бодови претрпувајќи го осмиот пораз.
Кој ќе победи на оваа средба беше јасно после неколку минути бидејќи домашните наметнаа своја игра која им даваше резултат. Играчите од Татабања не можеа да следат, а имаа само девет гола во првото полувреме.
Играта во првиот период донесе плус пет за Кадетен и оие пет гола разлика беа сосема доволни за да може да се одигра мирно во продолжение од натпреварот. Откако на одмор беше 14:9 немаше проблеми да се одработи мирно и на ниво во вториот период од средбата кога се чуваше водството.
Кадетен успеа да стигне до конечни 27:23 и се најде во добра позиција и со шанси за да се пласира во осминафиналето од Лигата на Европа. За Татабања шансите се загубени бидејќи после двата порази во Битола против Еурофарм Пелистер сега забележа уште еден и останува на дното во Групата Д.
ЛИГА НА ЕВРОПА – ГРУПА Д
ТАБЕЛА