{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 63Македонскиот првак Вардар во првиот дуел од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите загуби со 22-30 од унгарскиот Веспрем и унгарскиот тим веќе може да се подготвува за четвртфинале. Дуелот во Скопје е прв во двомечот од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, победникот ќе се соочи со Алборг во рундата пред Ф4. Покрај поразот Вардарци не можеа веднаш да заминат во соблекувалната, а виновник- навивачите. Песна и поддршка за македонскиот првак можеше да се слушне и половина час по завршување на натпреварот.