{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 9Еурофарм Пелистер славеше на незгодното гостување кај Мотор Запорожје со 33-30 и направи голем чекор кон осминафиналето на Лигата на Европа. Данскиот лев бек Себастијан Хенеберг имаше олична партија и со 14 гола беше клучот на триумфот над украинскиот првак. Сега битолчани со 4 бода се на четвртото место во групата, пред Агуаш Санташ и Мотор кои се на нула. Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде гостувањето кај Бидасоа Ирун.