Запознајте го „Скубе од Неготино“ (ВИДЕО)
На мечот меѓу Вардар Неготино и Радовиш, кој убедливо го добија домаќините со 33-22 во суперлигашкиот плеј-аут, тренерот на домашните Петар Ангелов им даде шанса на неколку млади ракометари. Еден од нив е младиот 15-годишен Стефан Ицев, кој неколкупати се најде во составот на првата екипа оваа сезона. Тој игра во кадетската лига кај асистентот на Ангелов, Ратко Вељанов, а против Радовиш ги запиша првите суперлигашки минути и првиот погодок во оваа конкуренција. Во движењата и во ударите наликува на словенечкиот среден бек Сташ Скубе, а во видеото погледнете го првиот негов гол во Суперлигата...