Живковиќ: За пласман во финалето ќе се бориме со Еурофарм Пелистер (ВИДЕО)
Во првиот натпревар од третиот ракометен ден на јубилејниот 50-ти струшкиот турнир, домаќинот РК Струга беше поразен од грчкиот вицепрвак АЕК Атина со 15-30 (5-15). Со оваа победа АЕК Атина се вклучи во борбата за висок пласман и против Еурофарм Пелистер ќе се надева на билет за финалето на силниот турнир, домаќинот на турнирот за првата победа ќе се бори против Татран Прешов, утре од 19:15. Ракометарот на АЕК Атина, Немања Живковиќ, е задоволен од прикажаната игра во денешниот натпревар и се надева на добро издание во утрешниот натпревар, кој ќе го одиграат против Еурофарм Пелистер.