Женско градско дерби со пресврт и драма до крај (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Ѓорче Петров 10 март 2022

Градското дерби меѓу Вардар и Ѓорче Петров заврши со гостински триумф од 25-23, со што ѓорчепетровки му вратија на домаќинот за поразот во првиот дел од сезоната на домашен терен. Ѓорче Петров е на делба на првото место на табелата со 14 бодови, исто колку и Куманово.

 

Ѓорче Петров покажа дека ракометот се игра до самиот крај, без разлика дали водиш или губиш 2, 3 или 6 гола. Гостинките почнаа во грч, промашувања, имаа негатива од 6 гола, а завршија со радост и триумф од 25-23. Борбата за титулата во женската лига е отворена, и ќе биде неизвесна до самиот крај. Двете екипи покажаа дека целта им е трофеј. Патот е долг и навестува и неизвесност и возбуда и драма.