Еурофарм Пелистер 2 супериорен во Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 имаа уште едно одлично издание, a во 3. коло од групата Б во Супер лигата на гостувањетo кај Младост 1977 забележаа убедлива победа со 30:22.

Битолскиот состав имаше убедливо прво полувреме во кое ја најави победата многу рано. Гостите имаа контрола на резултатот од почетокот на мечот, поведоа со 3:1, а потоа и со 6:5. Следуваше кризен период на Младост во кој дозволија противникот да направи серија 6:0 за висока предност од 12:5.

Рутинската игра на гостите продолжи до крајот на полувремето и предността од седум гола ја задржаа до крај. По првиот дел Еурофарм Пелистер 2 имаше водство од 16:9 и веќе тука речиси беше решен победникот.

И во второто полувреме Младост немаше решение за противничката екипа, нивната негатива многу брзо достигна девет гола што беше недостижно до крајот на мечот. Еурофарм Пелистер 2 рутински го одигра второто полувреме, а во 53. минута од мечот за првпат имаше највисока двоцифрена разлика при резултат 28:18.

Најефикасен во редовите на Младост беше Александар Лупашко со седум погодоци, а Никола Роглев постигна четири. Во победничкиот тим најмногу се истакнаа Цветан Кузманоски со осум гола и Јован Талески со пет.

18 септември 2020
22 - 30
Крај

Детали

ДатумВремеЛигаСезонаMatch DayКрај
18 септември 202020:43СУПЕРЛИГА Б2020/202118.09.202060'

Место

Спортска сала „Млаз“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЛАДОСТ 1977922Пораз
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21630Победа

МЛАДОСТ 1977

# ИграчПозицијаИсклучувањеГолови
1Ристе Пешковголман00
3Саша Михајловиќцентрален бек10
4Димитар Пеевлево крило00
9Стојан Наумовскилев бек00
10Ѓорѓе Банцалискицентрален бек01
11Драган Павиќдесно крило00
12Горан Паунковголман00
13Никола Роглевдесен бек04
15Марко Михајловиќлево крило00
17Иван Стојчевскидесно крило22
18Александар Лупашколев бек07
19Митко Стоиловлев бек03
23Мартин Фидановпивот22
27Небојша Василевскипивот01
28Горан Лисичковцентрален бек01
32Никола Димитровдесно крило01
 Вкупно 522

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# ИграчПозицијаИсклучувањеГолови
3Цветан Кузманоскилево крило08
4Јован Талевскицентрален бек05
7Дарио Петровскилев бек02
9Васко Димитровскипивот01
10Христијан Митревскидесен бек21
12Филип Ивановскиголман00
22Иван Димитровскилево крило02
23Стефан Талевскицентрален бек01
24Никола Стоилевскидесно крило02
51Димитар Бардакоскиголман00
55Стефан Дрогришкилев бек13
88Димитриј Блажевскидесен бек01
99Филип Арсеновскипивот23
19Стефан Андонов-00
44Ненад Белистојановски-01
 Вкупно 530

Officials

Судии:Делегат:
ГЕОРГИЕВСКИ ДЕЈАН
ГЕОРГИЕВСКИ ДИМИТАР
НАУМОВСКИ РУСЕ
ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126