„Ер Струга“ полета во Битола: Атракција од зад грб на Костески против Тиквеш (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, моментално, во спортската сала „Боро Чурлевски“ играат против составот на Тиквеш во рамки од 6. коло од Суперлигата. Одлична партија во првото полувреме имаше македонскиот репрезентативец Ненад Костески, кој во дуелот против тимот од Кавадарци постигна атрактивен гол. Десното крило не успеа во прв обид да ја прифати топката, но во вториот успеа да ја фати во скок и со атрактивен погодок од зад грб го совлада искусниот Брауновиќ.